Двегодишно момче полека се претвора во жива статуа, како резултат на синдром „Камен човек“
Неговата мајка е очајна и ги моли лекарите да го спасат нејзиниот син, кој страда од екстремна ретка болест, поради која, наскоро би можел да се претвори во жива статуа.
Двегодишниот Тимофеј Павленко страда од ретка болест наречена „Фибродисплазија офиканс прогресива“ (ФОП), уште позната како синдром на „камен човек“, која полека го превиткува неговото тело и мускулите.
Болеста кај малиот Тимофеј веќе навлегла во напредна фаза, при што неговата мајка, 41-годишната Светлана, од Сибир, е очајна и бара од хуманите луѓе донации, за да може да го плати лекарскиот преглед кај експерти од оваа област и да го спаси нејзиниот син од суровата агонија низ која поминува.
За оваа болест, карактеристично е што пациентите веќе уште на 20-годишна возраст ги врзува за кревет, а нивниот животен век во просек се движи не повеќе од 40 години.
Тимофеј веќе не може да ги крене, ниту пак, да ги свитка своите раце, а притоа неговиот грб веќе е свиткан.
„Тимофеј е нашето најмладо дете. Ние го обожаваме нашиот син. Тој се роди сосема здрав. Подоцна, забележавме дека прстите на нозете му се малку искривени, но при прегледот, лекарите рекоа дека нема за што да се грижиме. Потоа по некое време му се појави грутка на челото. Како растеше, грутката се помести долу во вратот, рамениците, рацете и полека неговите движења беа ограничени.“- вели очајната мајка.
Родителите никогаш претходно немале слушнато за синдромот на „камен човек“, се додека локалните лекари конечно не ја дијагностицирале болеста кај нивниот син.
Болеста е толку ретка, што, истражувањата покажале дека само 1 од 2 милиони луѓе, заболува од истата.