Двејн Џонсон „Карпата“ споделува како тренира за неговата најнова филмска улога
„Карпата“ е добро запознаен со интензивни тренинзи, а ѕвездата неодамна откри дека неговата последна улога бара најбрутален тренинг досега.
Во објава на Инстаграм, Џонсон сподели слика направена по вежбање во теретана доцна во ноќта, додека се подготвува да сними интензивни сцени за неговиот претстоен филм „Блек Адам“.
Подготовката за каква било улога на суперхерој доаѓа со исцрпувачки тренинг, но барањето да се биде во форма за Блек Адам го изненадија дури и Џонсон, кој им рече на неговите следбеници дека неговата подготовка е „побрутална од која било која друга“.
Тој напиша:
„Вежбање доцна во ноќта. Голема недела за Блек Адам, ја снимаме „шампионската“ сцена каде што го покажувам моето тело“
„Работев исклучително напорно држејќи диети и брутални тренинзи, за разлика од било која предходна улога во мојата кариера“.
Очигледно, вежбањето вклучува многу повеќе од само дигање тегови. Според „Карпата“, добивањето совршена фигура е „вистинска наука за која се потребни месеци“ и вклучува „постојано прилагодување“ на неговата стратегија за фитнес со неговиот долгогодишен тренер.
„Карпата“ треба да глуми заедно со Ноа Сентинео и Пирс Броснан во „Блек Адам“, кој треба да се појави во кината во Јули 2022 година.