Двобоен колач со кисело млеко, готов за минута време- Идеален рецепт кога ви се јаде нешто благо, а немате дома
Кога ви се јаде нешто благо, но немате ништо при рака, ниту пак време или волја да излегувате до маркет, тогаш следниот уникатен рецет за чудесен двобоен колач, кој се приготвува за минута, е совршеното решение!
Двобоен колач со кисело млеко
Потребни состојки
- 3 јајца
- 100 гр шеќер
- 200 мл кисело млеко
- 90 мл сончогледово масло
- 300 гр пченично брашно
- 10 гр ванила
- Половина кафена лажица сол
- 1 кафена лажица сода бикарбона
- 70 гр какао во прав
- 50 гр ореви
- 50 гр чоколадни трошки
Начин на подготовка
Во еден сад измешајте ги јајцата со шеќерот и солта. Исипете го млекото, додадете го сончогледовото масло и повторно добро измешајте ги состојките. Следно, додадете го брашното, содата и ванилата и измешајте ја смесата повторно, до добивање на тесто.
Поделете го тестото на две еднакви половини и во едната додадете какао. Поставете свртена чаша со дијаметар приближно до 26 цм во центарот на садот за печење и истовремено додадете ги и двате половини од тестото, така што истите треба да бидат подеднакво и симетрично распоредени.
Врз белиот дел од тестото додадете чоколадни трошки, а врз чоколадниот дел од тестото додадете ги оревите.
Печете на температура од 180 степени, за 30-35 минути. Откако ќе го извадите од рерна, оставете го колачот да се излади, без да го вадите од садот.
Ви предлагаме да го сервирате со шолја топло млеко или ароматичен чај.
Пријатен апетит!