Еден од најпосетуваните градови ги поканува туристите да стапат во брак на 1 ден со локалните жители, а еве која е причината
Идејата дури веќе се претвори во вистинска кампања, која го привлече вниманието на светската јавност.
„Стапете во брак со Амстердамец на еден ден“- вака гласи паролата на кампањата, а станува збор за еден од најпосетуваните градови, Амстердам, кој воедно се најде и прв на листата на градови каде има најмногу шанси да ја пронајдете вашата љубов.
Со надеж да ја зголеми и подобри комуникацијата и односот меѓу туристите и своите жители, холандскиот град ја ласнираше оваа оригинална кампања, првично идеја предолжена од Здружението на туристички водичи во соработка со градската Агенција за маркетинг.
Кампањата ги поттикнува туристите да ги истражуваат помалку познатите делови од градот, во интеракција заедно со локалните жители. Покрај тоа, во овој проект е вклучено заедничко пловење со брод и ловење на пластика- активност која исто така ќе ги зближи луѓето, но и значајно ќе придонесе за животната средина, поради нејзиниот еколошки карактер.
„Идејата е туристите не само да се нахранат од убавината на градот, туку и да изградат прекрасна врска со луѓето кои веќе живеат тука“- вели Џона Ренс, сопственичка на просторот каде „венчавките“ се одржуваат.
Токму вчера Џона присуствувала на масовни лажни венчавки меѓу туристите и Амстердамците. Невестите чекорат со вештачки букет во рака, а откако со младоженците си разменуваат прстени од локалната продавница, наместо бакнеж, церемонијата се запечатува со топла прегратка.
Потоа, локалниот жител во улога на сопруг/а го носи својот партнер низ Амстердам и во вид на меден месец, заедно го истражуваат шармот и убавините на холандската метропола.
„По бројни неуспеси како да ја решиме туристичката (не)култура, како бројните отпадоци и уринирање на несоодветни места, пренатрупаноста во една точка и сл., им реков на моите колеги, ајде да направиме нешто забавно и оригинално, со многу енергија“-вели Елена Симонс, една од иноваторите.