Единствената вежба која ви е потребна, ако сте над 40 години – Ги затегнува задникот и фигурата, ги спречува опстипацијата и целулитот
Оваа вежба важи за една од најдобрите, кога станува збор за затегнување на задникот и целосната фигура, која се прави многу лесно, а воедно ефикасно помага во спречувањето на опстипацијата и целулитот.
Придобивки од вежбата
Оваа вежба го нормализира движењето на цревата, го забрзува метаболизамот и ја спречува појавата на опстипација, а правилното функционирање на дигестивниот систем е клучно за целиот организам.
Истовремено, вежбата ќе ви помогне да се ослободите од целулитот и да ја спречите неговата идна појава. Доколку редовно ја практикувате вежбата, тогаш може да го елиминирате целулитот од нозете и задникот по 1 месец.
Вежбата ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми, да ги зајакнете вашите мускули и целосната фигура. Воедно, ќе ви помогне да ја подобрите циркулацијата на крвта, да ја ублажите болката за време на менструација, вашите зглобови ќе се зајакнат, а значително ќе го поправите и целосното држење на телото.
Совети пред правењето на вежбата
Станува збор за движење со помош на задникот. Пред да започнете со изведување на вежбата, неопходно е да ги загреете вашите мускули. Може да скокате со јаже или да трчате на кратко. Започнете ја вежбата на мека подлога, а со текот на времето, може да поминете кон потврда површина.
Како да се движите со помош на задникот?
- Седнете на подот и исправете го грбот, како и нозете пред вас, а рацете од страна, на кои од време на време може да се потпирате за помош.
- Придвижете ја левата страна од задникот заедно со левата нога кон напред, а потоа истото направете го и со десната страна од телото.
За почеток, направете само неколку чекори. Во следните денови, зголемете го бројот на чекори напред, при правењето на вежбата.