Една млада жена повикува: Драги мајки, ве молам, одгледувајте мажи, не мамини синови!
Дали сте го забележале овој тренд во начинот на кој мајките денес ги одгледуваат своите деца: девојките се воспитуваат да се однесуваат како мали дами, а момците … како мамини синови.
Можеби немам право да им давам “совети” на мајките и не се обидувам да го правам тоа. Но, сигурно можам да го кажам следново – Јас сум жена и како таква знам дека ние, жените, влегуваме во живот, многу повеќе подготвени од мажите.
Уморни сме, а верувам дека не само јас, од мажи кои не се научени да се однесуваат како … мажи. Мажи кои не умеат да преземат одговорност. Мажи кои не знаат како да се борат за она што го сакаат. Мажи кои всушност не знаат што сакаат …
И единственото нешто што ќе си дозволам да им го кажам на мајките е: Драги мајки, сакате вашите синови да се оженат за умни, пристојни, добри девојки, нели? Па, овие девојки сакаат да се омажат за мажи, не за момчиња.
Некој ќе каже дека таткото е оној кој треба да му покаже на својот син како да биде маж. Така е, се согласувам со тоа. Но мајката е таа што треба да му овозможи на својот син да биде маж. И токму тука е проблемот. Бидејќи голем дел од мајките не можат (и не сакаат) да излезат од својата улога и да го остават својот син да порасне.
Јас самата се чувствувам дека имам голема среќа, бидејќи се омажив за човек кој знае како да се исчисти станот, да зготви и да се справи сам со финансиите. Но исто така сметам дека е нездраво да се чувствувам среќна поради нешто слично. Затоа си дозволувам да напишам едно писмо до Вас, драги мајки. Едно писмо од името на девојките кои ќе бидат нежната половина на вашите синови …
Ве молам, научете ги синови како да се справат со основните животни задачи.
Не е нормално млад човек (бидејќи стануваме полнолетни на 18, нели?) да оди на универзитет, а да не може да си зготви, да пушти правосмукалка, да си ја испере облеката, … или едноставно да се грижи сам за себе. Колку од момчињата на оваа возраст, кои вие ги познавате прават барем едно од овие нешта?
Зошто очекуваме девојката да може да прави сè – да чисти, да готви, да се грижи за својот автомобил, но никој не очекува од момците да можат да ги избришат плочките во бањата или прозорците во дневната соба? Зошто ги учите момчињата, зошто ги учите мажите дека со домашните обврски треба да се занимава само жената, додека тие се фокусираат на повеќе важни работи? Зошто дозволувате идните домаќинки да избираат меѓу тоа да ги учат своите сопрузи како да им помагаат … или да се справат со сето сами. И повеќето, се разбира, го избираат второто.
Ве молам, научете ги своите синови да носат одговорност за своите постапки.
Неспособноста (и неподготвеност) да застанат зад своите зборови и да одговараат за своите постапки се претвораат во вистинска епидемија меѓу современите мажи. Особено меѓу младите мажи.
На сите ни е позната оваа ситуација: момче и девојка се среќаваат, тој видливо ја сака, и го покажува тоа, таа возвраќа со истото. Потоа тој одеднаш и вели дека не е подготвен за врска … И покрај тоа продолжува да флертува. Таа е скршена, збунета, но прифаќа. Се надева дека тој можеби ќе стане “подготвен”. И тоа продолжува до бескрај. Додека девојката конечно не се освести, не се откаже и не си замине. А момчето (всушност веќе маж), дури тогаш сфаќа дека пропуштил нешто што било пред него цело време. Всушност, … ако воопшто сфати …
Се разбира, не велам дека синот треба да е подготвен да се ожени на 18. Воопшто не го мислам тоа! Велам само дека Вашиот синот треба да е подготвен за љубовта, тогаш кога ќе ја сретне. И тука е вашата улога, драги мајки. Научете ги синови како да земаат одговорно решенија. Научете ги да знаат што сакаат. И не само како да го постигнат тоа, но и како да го оценуваат постигнатото …
Бидејќи овој туториал нема да им е корисен само во сферата на љубовните односи, туку во сите сфери на животот …
Ве молам, научете ги синови како да не зависат од Вас.
Сакате девојките да бидат независни и силни, но момчињата не ги учите на истото. Нели е така? Колку често слушаме жени што велат: имам две деца – ќерката ми (или син ми) и мажот ми. И на сите ни станува смешно. Иако воопшто не е смешно. Кога стана во ред мажот да се однесува како дете?! Како стана во ред дека жена му треба да му е втора мајка ?!
Не го потценувам односот помеѓу синот и мајката. Оваа врска никој не може да ја промени. И ништо не може да ја уништи. И така треба. Но има разлика меѓу тоа да имаш силна врска со мајката и тоа да си тотално зависен од неа. Има разлика меѓу мажот кој ја сака и почитува својата мајка, и мамино синче кое сака сè она што го правела и го прави мајка му – храната, чистењето, сè …
Драги мајки, да одгледате мажи, кои можат да се справат без Вас, не е страшно. Напротив! Убаво е. И прекрасно. И е најдобро нешто што можете да му го дадете на детето – способноста да се справи сам во животот, да го гради својот животот сам…