Една работа значително ги прави сите луѓе позадоволни и посреќни во животот, а еве која е таа
Замислете дека некој непознат ви даде 50 евра и да ви рече да си купите нешто што ве прави среќни и размислете што би било тоа.
Најверојатно би ја потрошиле на некоја нова убава облека или пак во некој спа-центар, на релаксирачки масажи кои ќе ви го подобрат расположението. И можеме да се кладиме дека воопшто не ни помисливте да платите некому да ги изврши домашните обврски наместо вас.
Научниците при едно ново истражување велат дека тоа е многу исплатлива инвестиција и поговорката дека парите не можат да ја купат среќата не е сосема точна.
Како е тоа возможно?
Чувството дека не постои никогаш доволно време на овој свет да се направат сите работи е централно прашање кое го засега модерниот свет. Поголемиот дел од луѓето живеат под постојан притисок на времето, со што се намалува нивниот животен квалитет и придонесува, односно резултира со анксиозност, нездрави навики и развој на несоница.
Научниците тврдат дека трошењето пари на нешто што ќе ни овозможи повеќе слободно време, значително го подобрува животното задоволство и среќата. Доколку сè уште се размислувате што е подобро да потрошите време за да заштедите пари или да потрошите пари за да заштедите време, веруваме дека ова истражување ќе ви помогне да ја донесете вистинската улога и ќе го отворите паричникот во име на среќата.
За да го започнат истражувањето, научниците ги замолиле учесниците дали и колку често плаќаат на други луѓе да ги извршат домашните обврски наместо нив. Одговорите биле споредени со нивната општа состојба на среќа и нивното на стрес. Според истражувањето, луѓето биле многу посреќни кога редовно трошеле пари со цел да го избегнат извршувањето на непријатните дневни домашни обврски, а наместо тоа парите ги трошеле на нивното слободно време, забавувајќи се со други активности.
Овие резултати не зависат од брачниот статус, бројот на деца, приходите или работните часови на личноста.
При самото истражување, научниците направија и мал експеримент. Тие избрале 60 сосема обични возрасни луѓе и на сите поединечно им дале по 50 евра да ги потрошат на нешто што би им заштедило време за време на еден викенд и дополнителни 50 евра да ги потрошат на материјални работи, за време на друг викенд.
Можеби ќе звучи изненадувачки, но резултатите покажале дека луѓето биле значително посреќени кога ги инвестирале парите на вработување песонал за чистење, со кој успешно го избегнувале извршувањето на здодевните домашни обврски.
Влијанието од потрошените пари на овој начин резултирал со многу позитивен ефект кај луѓето и стресот бил значително намален.
Но, повеќето луѓе не се склони да го прават вистинскиот избор во животот. Истражување во кое учествувале 98 возрасни лица, покажало дека само 2% од нив би ги потрошиле парите да заштедат време. За ваквото однесување, постојат неколку причини. Најпрво, луѓето сметаат дека немаат доволно пари за да ги трошат на тој начин. Но, без разлика на финансиската состојба, инвестирањето на парите со цел да се ослободите од несаканите обврски, е всушност многу паметна идеја.
Во други случаи, луѓето можеби дури да почувствуваат вина за плаќање некој друг да ги изврши обврските наместо нив, бидејќи не сакаат да изгледаат како да не се способни да го направат и тие самите.
Полесно е да се процени колку пари би ви требале за одредена работа, но непроценлива е среќата што ќе ја добиете за возврат.
Сега знаете барем една тајна работа што ве прави среќни. А доколку сакате да го намалите чувството на вина, обидете се да размислувате на слободното време кое ќе го добиете за возврат и кое ќе го посветите на вас и вашите најблиски, уживајќи во забавните активности.
Иако не секогаш можете да ги намалите работните часови и домашните обврски, понекогаш моќта за тоа е токму во вашите раце.