Едноставен домашен напиток кој го прочистува црниот дроб од токсини
Како да го заштитите вашиот црн дроб? Тоа најлесно може да го направите со неговата детоксификација, која ќе го заштити овој орган од сериозни здравствени проблеми.
Доколку не го претпочитате одењето во аптека, тогаш ви препорачуваме да го пробате следниот домашен рецепт од традиционалната медицина.
Состојките потребни за негова состојка лесно може да се пронајдат во сечиј дом, а оние кои веќе го испробале домашниот лек, може да потврдат дека по консумирањето, ефектот веднаш се забележува.
Потребни состојки
• Грст свежи листови нане
• Неколку капки сок од лимон
• Половина чаша свежо исцеден сок од портокал
• 1 литар вода
• 1 лажица мед
Начин на подготовка
Најпрво потребно е водата да се свари, а потоа во истата се додаваат листовите нане и смесата се вари уште дополнителни 5 минути. Потоа се крева настрана од огнот.
Откако ќе се излади и ќе го достигне нивото на собна температура, во напитокот се додаваат капките лимон и свежо исцедениот сок од портокал.
Пред консумирањето, додадете 1 лажица мед. Самиот напиток може да го консумирате топол или ладен, по ваша желба.