Едноставен начин да откриете дали сте под влијание на туѓа енергија и дали некој ви мисли лошо
Еве како можете уште денес, во домашни услови, да проверите дали некој ви мисли лошо и сте под влијание на неговата негативна енергија.
Метод со чкорчиња
Ќе ви биде потребно
- Чаша вода
- 2 чкорчиња ќибрит
Што е потребно да направите?
Земете го едното чкорче и поставете го над водата, од страната од која не се наоѓа барутот. Затворете ги вашите очи и поставете го прашањето на глас: “Дали имам туѓо негативно влијание и лоша енергија предадена од друг човек?”, а потоа пуштете го чкорчето да падне во водата.
Земете го и второто чкорче и повторете ги истите чекори. А сега погледнете ја реакцијата на двете чкорчиња.
Значење
Доколку чкорчињата не се допираат, тоа е одлична вест бидејќи означува дека врз вас нема никакво туѓо негативно влијание.
Доколку чкорчињата се допираат, тоа значи дека некој се обидува да ви наштети, но е некој не толку познат за вас. Можеби станува збор за колега.