Скоро секој пушач има проблеми со секретите кои што не можат да ги исфрлат. Со помош на овој едноставен рецепт ќе приготвите лек кој е одличен не само за пушачите, туку и кога не можете да го исфрлите секретот за време на настинка.

Состојки:

  • 1/2 кг кромид
  • 1/2 кг кафеав шеќер
  • 1 литар и 500 млл вода
  • Сок од 2 лимони
  • 7 лажици домашен мед

Подготовка:

Шеќерот се карамелизира и повремено се помешува додека не се добие светол карамел. Додајте го излупениот ситно исецкани кромид и промешајте. Додадете вода и оставете да се вари на умерен оган додека течноста остане 2/3, а другата 1/3 испари. Процедете низ газа, да се отстрани кромидот и додадете го сокот од двата лимони,а потоа и домашниот мед. Сè добро измешајте додека не се раствори медот. Истурете во стаклено шише и оставете го да се излади во фрижидер.

За прочистување на белите дробови се зема 1 лажица пред секој оброк. Пијте сè додека сирупот не заврши. Следната доза може да се направи по 3 месеци.