Направете си домашни топчиња за капење со одличен мирис и сјај со кои ќе можете да се релаксирате и освежите и да ги победите летните температури.

Состојки:

-Сода бикарбона – 1 чаша
-Лимонска киселина – ½ чаша
-Горчлива сол (Epsom) или магнезиум – ½ чаша
-Кокосово масло – 2 лажици
-Етерично масло (по избор)
-Калапи за мафини
– Малку сок од цвекло, доколку сакате топчињата да не бидат бели

Прво измешајте ги сувите состојки. Потоа додадете ги и влажните состојки. Мешајте добро додека не се соедини смесата. На крај додадете 5-10 капки етерично масло и прехрамбени бои. Калапите намастете ги и исполнете ги со смесата, но не до врвот, бидејќи ќе пораснат од лимонската киселина. Оставете ги да се исушат на собна температура. Откако ќе бидат во цврста состојба, складирајте ги во тегла и користете по потреба.

Магнезиумот или горчливата сол ќе делуваат лековито, етеричните масла ќе Ве релаксираат и ќе го намалат стресот, сода бикарбоната ќе го алкализира Вашето тело, а кокосовото масло е одлично за нега на кожата.