Доколку и вие често при готвењето употребувате тенџериња и тави со стаклени капаци, тогаш вече најверојатно сте се соочиле со овој проблем- Под работ на капакот постојано се наталожуваат масни наслаги.

Истите масни наслаги ни се чинат речиси како невозможно да се отстранат и исчистат, освен доколку не употребме некој тенок и остар предмет, но пак, на овој начин, ризикуваме да го оштетиме самиот капак.

За таа цел, денес ви откривме ефикасен и лесен метод за чистење на капакот на тенџерето, токму при недостапните места, каде што маснотијата се задржува најдолго- под и околу работ на капакот.

Потребни состојки

  • 10-20 мл кислородна вода (водороден пероксид, кој може да го најдете во аптеките)
  • 1 супена лажица сода бикарбона

Начин на употреба

Свртете го капакот кој ќе го чистите, така што дното ќе се најде одозгора и избришајте го капакот си чиста и сува крпа.

Потоа исипете малку кислородна вода одозгора. Фатете го капакот, и внимателно распространете ја течноста по рабовите, додека го придвижувате истиот. Кислородната вода треба да биде нанесете подеднакво по целата површината во внатрешниот дел на работ. Оставете ја да отстои така 10 минути.

Следно нанесете одозгора 1 супена лажица сода бикарбона и со соодветна четка, распространете ја содата по целата, тешко пристапна, површина.

Потоа земете мало парче ткаенина и здрав нож, кој може да го вметнете во работ на капакот. На врвот на ножот поставете го парчето ткаенина и така поминете преку целата површина околу и во внатрешноста на работ, при што од време на време, може да ја менувате ткаенината.

За многу брзо ќе забележите како масните наслаги сами ќе паднат од капакот.

Откако сте го завршиле прочистувачкиот третман, земете сунѓер и малку средство за миење садови и дополнително измијте го капакот, а потоа само едноставно исплакнете.