Едноставна шминка за природен и гламурозен изглед, совршен за секоја пригода
Инспирирајте се за вашата матурска вечер или пак, доколку сте гостинка на некоја ваква пригода, заблескајте со следната едноставна шмнка која ќе ве направи да изгледате природно и гламурозно истовремено.
Следната шминка е за оние ги сакате работите на поедноставен начин, притоа изгледајќи отмено, но природно и софистицирано.
Чекори
- За основата: Според типот на вашата кожа, нанесете ја соодветната нијанса на ББ или ЦЦ крема. Ставете сосема мало количество и нежно нанесете на целото лице.
- Потоа, нанесете течна пудра и користејќи четка, покријте ја добро целосната површина. Можете да додадете уште еден слој за сензитивните области, како делот под и околу очите.
- Откако ќе завршите со течната пудра, нанесете камена пудра со матирачки ефект. Повторно користете четка за покривањето.
- Овој чекор е сосема по желба, а тоа е нанесувањето малку бронзер и руменило на образите, за да дојдат до подобар израз, страничните линии на вашето лице. Од бронзерот можете да додадете и на краевите на очите.
- За веѓите: Одберете ја соодветна нијанса на сенка за вашите веѓи и нежно нанесете со мала четка. На крај, за поцврст ефект, додадете малку маскара на истите.
- За очите: Поради свечениот карактер на пригодата, одберете нежна гламурозна сенка во розева нијанса, надополнета со светкави детали. Со помош на четката, омекнете ги острите краеви.
- Од сенката, малку нанесете и под очите.
- Земете повторно од бронзерот и нанесете на крајот од очите. Потоа додадете туш.
- Завршете го делот со очите, користејќи маскара и на горните и долни трепки. По желба, можете да ставите и вештачки трепки.
- За усните: Нанесете неутрално моливче за усни. Потоа нанесете неколку капки од сјај за усни во слична неутрална нијанса, а потоа со помош на прстите, нежно покријте ја целата површина на усните. Врз неутралниот сјај, додадете кармин во малку повпечатлив тон од истата боја и на крај, за поблескав ефект, додадете безбоен сјај.
Чекорите визуелно следете ги преку видеото: