Едноставни трикови за убавина кои можете секојдневно да ги применувате
Секоја дама сака да изгледа убаво, но за тоа треба време и пари, или барем така мислиме. Со овие лесни трикови ќе можете да изгледате прекрасно во секој момент.
За подобар мирис
Доколку сакате косата да Ви мириса убаво прснете малку од Вашиот омилен парфем на четката и исчешлајте ја косата.
Црнки на лицето
Ако сакате да с еослободите од црните точки на лицетето направете ја оваа маска: измешајте 1 лажичка топла вода, 1 лажица брашно, и 1 лажиче мед. Ставете на памук и нанесете го на проблематичното место. Отстранете по 10-15 минути.
За свежо лице во текот на денот
Овој спреј подгответе го со мешање на гелот од алое (купен во аптека или направен) со прочистена вода во сооднос 1: 3. Истурете ја мешавината во шише со прскање и носете го со себе.
За бели заби
Измешајте 1 лажиче рендани јагоди со 1 лажичка сода бикарбона, и користете ја оваа паста два пати месечно.
За чиста кожа на лицето
Познатата црна маска можете да ја направите и дома. Измешајте 2 лажици активен јаглен и 1,5 лажички желатин растворен во топла вода. Загрејте го во микробранова печка додека не се претвори во желе. Нанесете го на лицето 30 минути, а потоа отстранете ја маската.
За нежни пети
Земете 2 чаши топла вода, додадете 1/2 чаша сода бикарбона, и 1 чаша оцет. Потопете ги нозете околу 15-20 минути, потоа се исушете ги со крпа.
За изгореници од сонце
Сода бикарбона ќе Ви помогне да ја смирите кожата и да се ослободите од црвенило од изгореници од сонце. Нанесете на болната површина и оставете да отстои 10-15 минути.
За уредни пазуви
Можете да ја осветлите кожата под пазувите ако нанесете рендан компир и го оставите да отстои половина час.
За прекрасни и цврсти нокти
Мешавина од 1: 1 на кокосово масло и мед со неколку капки масло од лаванда е совршено за зајакнување на ноктите. За да Ви биде полесно за нанесување ставете ја смесата во искористено шише од лак за нокти.
За мазни нозе
Шеќерна депилација. Измешајте 1/4 чаша сок од лимон, 2 чаши шеќер, 1/4 чаша вода. Ставете на тивок оган се додека смесата не добие златна боја. Кога ќе се излади нанесете во спротивен правец од растот на влакната и нагло повлечете.
За тело без целулит
Измешајте 2 лажици ѓумбир, 5 лажици козметичка глина и 10 лажици топла вода. Нанесете го миксот на проблематичните области (стомак, колковите и раце) и завиткајте ги со пластична фолија. Оставете го сето тоа вака еден час и потоа истуширајте се.
За темните кругови
Ако сакате кафе, не фрлајте го потрошеното кафе – тоа ќе ви помогне да ги одржите Вашите очи свежи. Измешајте ги 1: 1 со кокосово масло и нанесете на кожата под очите 15 минути. Користете ја оваа маска 3-4 пати неделно.
За дебели веѓи и трепки
Не го фрлајте шишето од старата маскара. Измијте го и измешајте малку рицинусово масло, витамин Е и сок од алое. Четка за маскара е совршена за примена на мешавината на веѓите и трепките.
За убава коса
Ако имате мрсна коса, сол за готвење или, уште подобро, морска сол е она што ви треба. Додадете 2-3 лажици од неа во Вашиот омилен шампон, а корените на вашата коса ќе останат чисти подолго време.