Ефективна терапија против калуси
Калусите или како што се познати во народот „курије око” можат да бидат многу болни и за жал се чест проблем кај луѓето. Со помош на оваа терапија, која трае три дена ќе можете конечно да се ослободите од нив.
Се што Ви е потребно за овој третман се неколку листови од растението „Чувар куќа“ и фластери. Откинете ливче од растението и излупете го горниот дел од листот, „кожичка“ која лесно се лупи. Така излупеното парче ставете го врз калусот и прицврстете со фластер. Третманот почнете го наутро, а фластерот носете го во текот на целиот ден. Променете го листот три пати во денот. Продолжете додека не исчезне калусот.