Ефикасни маски за лице со кајсии
Сега е сезона на кајсиите, кои не се само исклучително вкусни, но и многу корисни за организмот. Во плодот се содржи големо количество бета каротин, кој игра улогата на антиоксиданс. Тој го зајакнува имунолошкиот систем и е корисен за очите, косата и кожата. Исто така кајсиите се често користени во козметиката.
Кајсија, мед и сок од портокал
Оваа маска не само што ја хидрира, но ја чисти и релаксира кожата. Земете една зрела поголема кајсија и испасирајте ја, додадете 3-4 лажички мед и 1 лажичка сок од портокал. Измешајте добро и нанесете на лицето и вратот. Оставете да делува 30-40 минути, а потоа исплакнете со топла вода и исушете.
Кајсии, мед и бадеми
Ако сакате повеќе мека и мазна кожа, тогаш пробајте ја оваа маска. Таа исто така е ефикасна за отстранување на црнки. Земете 2 зрели кајсии, испасирајте ги и измешајте ги со 2 лажички мед и ситно мелени бадеми. Нанесете на лицето и вратот. Оставете 20 минути, а потоа исплакнете.
Кајсии, овес и јогурт
Земете 3 зрели кајсии и испасирајте ги, а потоа додадете кон нив 1 лажичка ситно мелен овес и 1-2 лажици јогурт. Добро измешајте ги сите состојки, оставете 15-20 минути и исплакнете.