За време на зимскиот период, во кој настинките и грипот се околу нас, неопходно е да го знаеме најдоброто природно решение како брзо да се справиме со овој проблем.

Токму за денес ви откриваме еден популарен рецепт на истакнат герански хирург И.Шеглов, кој им помогнал на многумина веднаш да го излекуваат грипот.

Домашно средство за брзо елиминирање на грип

Процентот на сол во растворот не треба да биде повеќе од 10%, односно подобро е помалку, отколку повеќе. Материјалот од кој треба да биде направена солената облога треба да овозможи да струи воздух низ истата. Ова е задолжително, па затоа користете лен или памук.

Растворот за време на подготвувањето на облогата треба да е доста топол, а пред нанесувањето на облогата, истискајте ја течноста, но без облогата да стане пресува. На крај прицврстете ја со фластер.

Каде да ја поставите солената облога?

Доколку имате кашлица, затнат нос или главоболка, нанесете ја облогата во форма на прстен на челото и задниот дел од главата и оставете ја истата да дејствува 1,5 часа.

Доколку почувствувате дека имате настинка или грип, дополнително може да поставите облога и на вашиот грб и оставете ја да дејствува во текот на целата ноќ.

Како да го приготвите солениот раствор?

Во 1 литар преварена вода растворете 3 супени лажици сол и добро измешајте. Следно, земете облога пресвиткана на 8 слоја и потопете ја во растворот на 1 минута. Лесно истискајте ја, за да не тече, а вака подготвената облога поставете на на потребното место.