Ефикасно ги отстранува масните дамки од облеката и уште 5 извонредни употреби на кредата
Постојат неколку работи, покрај основите, кои треба секогаш да ги има во една кујна. Според експертите, кредата е една од тие заборавени работи, кои задолжително треба да ги имаме во домот.
Природна и евтина, а може да ја искористиме во бројни ситуации. Во продолжение, за денес ви откриваме кои 6 придобивки ја прават кредата изворнедна и задолжителна состојка за секој дом:
1. Снежно бели прекривки
Доколу прекривките и постелнината не го добиваат потребниот бел и чист изглед, дури ни пред перењето во машина, обидете се пред истите да ги перете, поминете преку нивната површина со креда. Тоа не само што ќе ја врати нивната бела и блескава боја, туку и успешно ќе ги отстрани жолтите дамки.
Трикот е подеднакво ефикасен и за облеката.
2. Кажете му збогум на лошиот мирис во кујната
Лошиот мирис во кујната, без разлика дали станува збор за фиоките каде стои приборот или мирис предизвикан од затнат мијалник, кредата ќе ви помогне брзо, лесно и ефикасно да се ослободите од истиот. Таа има својства да апсорбира секакви мириси, при што едноставно само треба да ја поставите неколку парчиња креда на потребното место.
3. Заштита од штетници
Кредата нема да ги уплаши молците, но мравките со сигурност нема да ја поминат нацртаната линија со креда. Овој трик е особено корисен за луѓето кои имаат летна кујна или едноставно обожаваат да седат на балкон.
4. Ги отстранува масните дамки
Повеќето луѓе се навикнати, масните дамки од облеката да ги отстрануваат со сол. И солта се справува со дамките, но не толку ефикасно како кредата. Сè што треба да направите е да ја намачкате со креда, масната зона и да оставите да отстои така 10 минути.
5. Блескав прибор за јадење
За да го вратите и задржите блескавиот сјај на вашиот прибор за јадење, едноставно во фиоката каде што стои истиот, поставете едно парче креда. Кредата не само што ефикасно ги апсорбира мирисите, туку и влагата, при што целосно ќе го заштити приборот, особено сребрениот.
6. Ги избелува ноктите
Покрај во кујната, кредата може да најде своја примена и во козметиката. Истата одлично се справува со пожолтените нокти.