Диетата со млечни производи бара многу волја за нејзиното држење, но сепак крајните резултати се неверојатни. Овој режим на исхрана важи за многу строг, бидејќи речиси цело време се заснова на консумирање млеко.

Целата диета е богата со калциум, белковини и други квалитетни својства кои се корисни за нашето здравје, а според неодамнешни истражувања, оваа диета го забрзува процесот на слабеење и ги елиминира вишокот на масни наслаги за пократок период. Истата претставува добра варијанта доколку ви е потребно брзо да симнете вишок килограми.

Понеделник

  • Појадок: Кафе со млеко или само млеко, колку ви се пие.
  • Ручек: Кисело млеко со мусли
  • Вечера: Компир салата со млеко (Сварете компири онолку колку ви се јадат, исечете ги, додадете кромид, масло, кисело млеко и сол. Пригответе во поголемо количество, бидејќи неопходно е цела недела да ја консумирате.

Вторник

  • Појадок: Кафе со млеко или само млеко, колку ви се пие.
  • Ручек: Кисело млеко со мусли
  • Вечера: Салата со макарони и млеко (Макарони приготвени со кромид, масло, сол и кисело млеко)

Среда

  • Појадок: Кафе со млеко или само млеко, колку ви се пие.
  • Ручек: Кисело млеко со мусли
  • Вечера: Салата со компир и кисело млеко

Четврток

  • Појадок: Кафе со млеко или само млеко, колку ви се пие.
  • Ручек: Кисело млеко со мусли
  • Вечера: Салата со макарони и млеко

Петок

  • Појадок: Кафе со млеко или само млеко, колку ви се пие.
  • Ручек: Кисело млеко со мусли
  • Вечера: Салата со компир и кисело млеко

Во Сабота е неопходно во текот на целиот ден да консумирате кисело млеко, а во Недела, исклучиво само течности. По истекувањето на диетата, истата не смеете да ја практикувате веднаш, туку да направите пауза од 6 месеци.