Егзотична астрологија која ги открива вашите тајни! Дознајте каква жена сте, според индискиот хороскоп
На санскритски, односно јазикот на хиндуизмот и будизмот, иднискиот хороскоп се нарекува „Џјотиш“. Во истиот, хороскопските знаци се делат на месечеви домови, на кои соодветствуваат цели 26 ѕвезди.
Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).
Која е вашата ѕвезда и каква жена сте според Џјотиш, откријте во продолжение:
1. Ашвини ( 13 април – 26 април)
За симболично животно на дамите родени во овој период, се смета дивиот коњ. И тие, како и самото животно, пленат со раскошен изглед, нескротлива природа, обожавајќи го животот и целосната слобода. Овие жени не потклекнуваат пред тешките животни предизвици, но воедно се и доста чувствителни. Тие се посебни и чудесни.
2. Бахрани (27 април – 10 мај)
Симболично животно на жените Бахрани е слонот. Овие жени се карактеризираат со неверојатна внатрешна сила во духот и телото. Ретко боледуваат и уште поретко се соочуваат со состојби како депресијата. Не ги сакаат емотивно слабите луѓе, бидејќи и тие самите не се склони кон чувствителноста. За нив животот е една вечна борба, во која се решени да победат. Жените Бахрани се родени да бидат лидери.
3. Криттика (11 мај – 24 мај)
Нивното симболично животно е овцата. Во Криттика жените често се води борба меѓу две страни на карактерот: Страната на храброста и стравот и страната на чувствителноста и ладнокрвноста. Тие извонредно й противречат на природата, а токму тоа ги прави толку опасни. Бидејќи, токму тогаш кога ќе помислите дека добро ја познавате жената Криттика, дека е слаба и ранилива, таа ќе ви го докаже спротивното.
4. Рохини (25 мај – 7 јуни )
Симоболично животно на Рохини дамите е змијата. Но, колку и ладнокрвно да изгледаат, всушност тие се едни од најромантичните личности. Едноставно, неопходно е да им покажеш дека навистина си ја заслужил нивната љубов и за возврат ќе го добиеш светот на дланка. Во спротивно, ризикот да бидете љубовно отруени е голем.
5. Мригашира (8 јуни – 20 јуни)
Исто како и на Рохини, така и на Мригашира жените симболично животно е змијата. Симболично животно на Рохини жените е змијата. За разлика од претходните, овие дами се родени со исклучиво огромна волја за живот. Тие имаат бескрајна желба да го наметнуваат своето мислење и не поднесуваат критики. Нивниот збор е секогаш последен.
6. Аридра или Андра (21 јуни – 4 јули)
Овие дами се родени под симболот на кучето. Можат да бидат окарактеризирани само со неколку зборови: Аналитчки ум, идеалисти и истрајни.
7. Пунарвасу (5 јули – 18 јули)
Нивното симболично животно е мачката. Овие жени имаат неверојатна дарба да биде своја и независна од останатите, а во ситуации на предавство, одлучува да се изолира од оние кои ја повредиле и да биде сосема недостапна. Пунарвасу е навистина жена- мачка.
8. Утар- асдаха (11 јануари – 23 јаунари)
Симболично животно на овие дами е мунгосот. Овие жени ја обожаваат осаменоста и иако е невообичаено за женскиот пол, овие дами се чувствуваат чудесно кога се сами. Понекогаш, претпочитаат да го сокриваат своето срце зад ѕидот кој го изградиле околу себе, но воопшто не ги сакаат лагите и лицемерноста. Колку и да се обидуваат, тие никогаш не можат да се навикнат на измаите и неверството. Овие дами имаат 2 лица. На доброто враќа со добро, а на лошото- едноставно си тргнува…засекогаш.
9. Шравана (24 јануари – 5 февруари)
Симболично животно на дамите родени во овој период е мајмунот. Тие се карактеризираат со буден ум и екстремна генијалност. Поради тоа, често се несфатени од околината. Но, благодарение на нивниот блескав ум и неверојатна амбиција, тие секогаш успеваат во својот живот и успеваат да ги остварат своите цели.
10. Дханишта (6 февруари – 18 февруари)
Животно- лавица. Ѕвезда- Суалохин. Жените Дханишта имаат исклучитлено харизматична природа. Секогаш се во добра материјална состојба, но ја негуваат и хуманоста во себе. Зборот кој најдобро ги опушува е срце. Тие едноставно се едно големо срце.
11. Сатабихша (19 февруари – 3 март)
Животно- коњ. Ѕвезда- Садалмелик. Овие дами секогаш им противречат на сите, вклучувајќи ја и самата природа. Можат да бидат многу конзервативни, но и сосема слободни. Често одат од една во друга крајност, бидејќи лесно се лутат, но притоа лесно се губат и самите себе си.
12. Пурва-бхадра (4 март – 16 март )
Симболично животно на овие жени е лавот. Дамите родени во овој период се многу искрени, отворени и дружељубиви. Секогаш се спремни да им помогнат на другите, па дури и по цена да си наштетат на самите себе. Во љубовта се подеднакво посветени, додека не бидат повредени.
13. Утар- бхадра (17 март – 30 март)
Животно- крава. Ѕвезда- Алферан. Тие често знаат да бидат воздржан, а истовремено станува збор за многу умерени жени. Многу добро знаат дека срцето на мажот се вади со перо, а не со нож. Доста се трпеливи, а тоа им помага полесно да стасаат до својата цел.
14. Ревати (31 март – 12 април)
Симболично животно им е слонот, а Ел-Риша е ѕвездата која ги штити. Дамите родени во овој период се многу нежни, а притоа склони да се чувствуваат депресивно, бидејќи имаат потешкотии во справувањето со лошите работи со кои се соочуваат во животот. Нивната душа е чиста како душата на едно дете.
15. Пушја (19 јули – 1 август)
Нивно симболично животно е овенот и тие, како и самото животно, често знаат да бидат тврдоглави, но не сакаат да бидат напаѓани без причини и во ситуации кога ја бараат правдата. Благодарение на нивниот исклучително остар ум, тие можат да се справат со сите животни потешкотии.
16. Ашлеша (2 август – 15 август)
Симолично животно на овие дами е мачорот. Тие имаат строг карактер и претпочитаат да постапуваат тактички во дадените ситуации. Сепак, тие важат за извонредни и достојни жени, кои никогаш нема да ви забијат нож во грбот.
17. Магха (16 август – 9 август)
Нивно симболично животно е стаорецот. А според индискиот свет, домот на ова животно воедно се смета за дом на кралиците. Дамите родени во овој период се многу директни и секогаш се стремат кон материјалното богатство. И секогаш успеваат да ја остварат таа цел, бидејќи се родени лидери.
18. Пурва- пхалгуни (30 август – 12 септември)
Исто како и кај претходниот знак, и кај овие жени симболично животно е стаорецот. Тие се управувани од Венера и секогаш успеваат на некој посебен начин, да ги шармираат луѓето и да им влезат под кожата. Имаат голем авторитет и ја сакаат удобноста.
19. Утар- пхалгуни (13 септември – 25 септември)
Симболично животно кај овие дами е бикот. Тие имаат огромни срца и чисти души и спремни се да помогнат на секој кој се наоѓа во незавидна положба. Овие жени најдобро ги опишува еден збор – херои.
20. Хаста (26 септември – 9 октомври)
Нивно симболично животно е кравата, а домот е поврзан со соѕвездието Гарван. Жените родени во овој период се склони да ги контролираат и критикуваат останатите и да се борат против неправедноста. Бунтовни и родени да бидат неверојатни лидери.
21. Читра (10 октомври – 22 октомври)
Симболично животно е тигарот. Овие дами се многу амбициозни и креативни. Секогаш знаат како да го привлечат вниманието кон себе, но и да ги натераат луѓето да им веруваат. Борбени и храбри дами кои никогаш не се откажуваат од своите цели.
22.. Свати (23 октомври – 5 ноември)
Симболично животно на овие дами е бизонот. Овие дами секогаш знаат кое е најдоброто решение за секоја ситуација и секогаш сите работи однапред ги планираат, а останатите често им завидуваат на нивната одлучност и амбиција.
23. Анурдаха (19 ноември – 1 декември)
Животно- срна. Ѕвезда- Акраб. Во себе често водат внатрешна борба меѓу доброто и лошото, меѓу храброста и депресивноста. Склони се кон идеализирање на љубовта, бидејќи често немаат среќа во истата.
24. Џештха (2 декември – 14 декември)
Животно- елен. Ѕвезда- Антарес. Овие дами ги обожаваат материјалните и луксузни работи, но нив лесно не можете да ги купите, бидејќи тие истовремено се многу независни и не се потчинуваат на никој. Сите соништа си ги остваруваат самите, благодарение на остриот ум.
25. Мула (15 декември – 27 декември)
Симболично животно им е кучето, а овие жени се карактеризираат со вградено шесто сетило во својот ум. Нивната интуиција е толку силна, што често успешно ги избегнуваат ситуациите во кои би можеле да бидат повредени. Тие се скромни, но не се плашат да му возвратат на оној кој им наштетил.
26. Пурва- асадха (28 декември – 10 јануари)
Симболично животно на овој знак е мајмунот. Тие се родени под знакот на Стрелец, кој пак е симбол на богатството, независноста, решителноста, талентираноста и љубовта кон самите себе. Жените родени во овој период се сметаат за многу посебни, поради што често предизвикуваат љубомора кај останатите.