Еколошко домашно белило за перење, за облека бела како снег – Го штити нашето здравје, а ги напаѓа дамките
Белата боја е безвременска класика, која е во мода во секое време. Белите модни парчиња може да се најдат подеднакво и во плакарот на дамите, како и кај мажите, но за жал, истата бара повеќе труд при одржувањето.
Со текот на времето, белата боја е склона кон пожолтување, кое не се отстранува толку лесно, а дамките на белата облека исто така може да бидат вистинска невозможна мисија, кога станува збор за нивното елиминирање.
Купечките производи покрај тоа што се полни со хемикалии, може да бидат и скапи, па затоа, за оваа цел, денес ви откриваме како да подготвите домашно белило, кое ќе биде опасно за дамките, а нежно за вашето здравје.
Природно домашно белило
Измешајте 1 шолја оцет со 2 шолји вода. Потопете ги алиштата во растворот и оставете ги да отстојат 20 минути. За тоа време, во одделен сад, додадете половина шолја сода бикарбона, 1 супена лажица 3% хидроген и 1 супена лажица сол и добро измешајте ги состојките.
Извадете ги алиштата од растворот со оцетот и нанесете ја приготвената смеса со хидрогенот врз дамките и замастените зони од облеката. По 20 минути, дури ниту најстарите и најтврдокорни дамки нема да бидат видливи.
Не заборавајте да ги исперете алиштата на вообичаениот начин по оваа процедура.