Експертите откриваат како да го продолжите вашиот живот за 12 години
Според експертите и научниците од универзитетот Кембриџ ни откриваат како може човек може на едноставен начин да го продолжи неговиот живот за 11-12 години плус.
Според нив, постојат 3 клучни фактори кои го зголемуваат животниот век.
Експертите анализирале податоци, соберени од 25.000 испитаници, кои потекнувале од повеќе европски земји. Тие биле на возраст меѓу 45 и 79 години, а на истите им биле поставувани прашања за нивниот начин на живот, здравите навики и исхраната.
Откако ги анализирале одговорите на учесниците во експериментот, експертите заклучиле дека:
- Консумацијата на 5 порции овошје и зеленчук дневно го продолжува животот за 3 години;
- Воздржувањето од пушење цигари го продолжува животот за 4-5 години;
- Редовната физичка активност го продолжува животот за 3 години;
Експертите советуваат дека секој од нас е потребно да обрати внимание на овие три фактори и да ги направи неопходните промени во животниот стил, доколку сака да ја постигне целта.
Истовремено, се препорачува на оние кои имаат канцелариска работа или работа при која поголем дел од времето го поминуваат седејќи, во текот на денот, по работното време да одвојат најмалку 1 час за физичка активност т.е активно движење.