Експертите откриваат зошто нè болат нозете во текот на ноќта и како да се справиме со тоа
Спазмите можат да бидат вистински кошмар. Тие лесно може да ве разбудат во текот на ноќта и да го нарушат вашиот сон. Ноќните грчеви во нозете се неволни реакции на мускулите кои се јавуваат кога телото одмара.
Причини за појава на грчеви во нозете, во текот на ноќта
Секој може да го искуси овој вид на мускулни спазми, без разлика на возраста, а еве едни од најчестите причини поради кои тие може да се појават:
- Мускулна преоптеретеност
- Седење во погрешна положба
- Пасивен начин на живот
- Алкохолизам
- Паркинсова болест
- Бременост
- Дехидратација
Како да се справите со овој проблем?
Лекувањето на ноќните мускулни спазми зависи од причината, односно факторот кој ја предизвикал нивната појава. На пример, доколку грчевите настанале како резултат на дехидратација, лесното решение е едноставно да пиете повеќе вода и други течности.
Потоа, избегнувајте ја прекумерената консумација на алкохол, кафе и газирани пијалоци, бидејќи тие го зголемуваат ризикот за појава на ноќни мусклни спазми.
Во моментот кога ќе почувствувате грчеви, масирајте ги мускулите со помош на вашите раце, во времетраење од 10-15 минути
Вклучете повеќе магнезиум во вашето дневно мени, но овој совет не важи за бремените жени, кои за било што, треба претходно да се консултираат со нивниот лекар. Исто така, обидете се да внесете повеќе калиум во вашата исхрана, кој лесно може да го пронајдете во бананите, грозјето, брокулата, рибата, портокалите, јагнешкото и слично.
Во моментот кога ќе ги почувствувате грчевите, најдобро е да станете и да се движите малку. На овој начин ќе ја подобрите циркулацијата и ќе ја намалите болката.