Еве ја прекрасната 7-месечна ќерка на Енрике Иглесијас и Ана Курникова – Ги наследила најубавите гени од родителите!
Почетокот на оваа година беше навистина волшебен за еден од најпрекрасните славни парови – Енрике Иглесијас и Ана Курникова. Светски познатиот пар ја доби нивната ќерка, која денес го носи името Маша.
Иако двојката ретко објавува фотографии од нивните деца, сега направија исклучок и на светот решија да му го покажат нивното неодоливо слатко девојче. 39-годишната Курникова ги израдува нејзините фанови на Инстаграм објавувајќи фотографии од синооката Маша.
Во продолжение погледнете како изгледа девојчето кое сите може да се согласат дека ги наследило најдобрите гени и од двете ѕвезди!