Човечкото тело е навистина сложен систем. Уште од училиште, сите знаат дека нашето тело е составено нерви, коски и мускули. А воедно, билогоијата нè учи дека некои бактерии се од голема важност за доброто на нашето здравје.

Но, постојат и организми кои може да му наштетат на нашето тело,  а тоа се невидливите паразити може се делат во две групи: црви и протозои (едноклеточни организми). Црвите кои може да заземат кукаст, игловиден, кружен, прстенест или облик на лента, проникнуваат во нашето тело и се хранат од соковите и храната во организамот, а штетата што може да ја направат зависи од самата биолошка структура на истиот.

Кои се најчестите симптомите, кои сигнализираат за присуство на паразити кај луѓето

1. Загуба на тежината

Доколку ненадејно започнете да слабеете, без да сте ја зголемиле физичката активност или да применувате диета, потребно е да направите лекарски преглед. Паразитите ги смукаат соковите и преработената храна кои влегуваат во телото, што доведува до драматична загуба на телесната тежина.

2. Проблеми со дигестивниот систем

Нарушената дигестивна функција, опстипацијата или обратно, дијарејата, исто така може да бидат индикатор за присуство на паразити во организамот. Тие предизвикуваат надразнување на цревата, што влијае врз дигестивниот процес и од таму, резултирааат проблемите со истиот.

3. Болки во мускулите и зглобовите

Симптомите, кои лесно може да се мешаат со артритис, всушност може да сигнализираат дека постојат паразити во вашиот организам, а болките во мускулите и зглобовите може всушност да бидат одговор на имунолошкиот систем, кој дава отпор на паразитите.

4. Замор,  надразнетост и нарушен сон

Потребно е да обратите внимание доколу често се соочувате со постојан замор и сонливост. Одредени паразити имаат тенденција да ги смукаат сите корисни супстанци од телото, што сериозно може да се одрази врз општата состојба на здравјето.

5. Други симптоми за возможна појава на паразити во организамот

  • Анално чешање
  • Постојано чувство на глад или спротивно, недостаток од апетит
  • Стомачна подуеност
  • Јадеж и влошување на состојбата на кожата
  • Чувствителност кон алергии