Еве како да го поттикнете вашето тело да ослабне без диета, само со кисело млеко
Ефикасното прочистување на организамот доведува до лесно отстранување на сите токсини од телото, како и до брзо ослободување од вишокот килограми. Најдобриот пријател за таа цел ќе ви биде комбинацијата од овие 2 состојки.
Станува збор за чудесна комбинација од кисело млеко и јаболка, која ќе ви помогне да ја добиете посакуваната фигура и да го зајакнете вашето здравје, без многу труд.
Кисело млеко со јаболка
Стандардниот сооднос на мешање на состојките во оваа комбинација е многу едноставен- 1.5 литри кисело млеко и 1.5 килограми јаболка. Комбинацијата може да ја консумирате секојдневно, со консумирање на одредено количество од истата.
Една чаша од овој јаболков коктел со кисело млеко го обновува и забрзува метаболизамот и го спречува наталожувањето на масни наслаги по стомакот.
Потребни состојки
- 150 мл кисело млеко
- 3 јаболка
- Мед и цимет по ваш вкус
Начин на подготовка
Излупете ги јаболката и извадете ја срцевината. Потоа истите изрендајте ги или сомелете ги, користејќи блендер. Следно само ви преостанува во добиената каша да ги додадете киселото млеко, медот и циметот и добро да ги измешате состојките.
Вкусот на овој природен напиток ќе ве воодушеви!
По подготовката ќе добиете околу 300 мл јаболков коктел, кој е потребно да го консумирате наместо вашата вечера. Чувството на глад брзо ќе исчезне, бидејќи млекото е хранлив производ, кој притоа ќе го забрза процесот на согорување на масните наслаги.
Исто така од голема корист ќе биде да го консумирате напитокот пред вашиот појадок, секое утро. Тоа пак, ќе придонесе за забрзување на вашиот метаболизам.
Овој метод е особено идеален за оние кои немаат време за вежбање и немаат желба да држат строги диети.