Еве како да откриете дали имате високо ниво на шеќер во крвта, без тест
Сите ние знаеме дека високото ниво на шеќер во крвта автоматски доведува до состојба на преддијабтес, па дури и дијабетес, доколку навремено не се преземе соодветна грижа за здравјето.
Затоа, од исклучително голема важност е да можеме да ги распознаеме појавите на високо ниво на шеќер во крвта.
Кога нивото на шеќер во крвта ќе се зголеми и истото ќе стане премногу високо, човекот паѓа во состојаба на хипергликемија, која се манифестира преку следните симптоми на високо ниво на шеќер во крвта:
- Жед
- Често уринирање
- Зголемен пулс
- Силен замор
- Стомачни непријатности
- Потешкотии при концентрацијата
- Постојано чувство на глад
- Сувост во устата
- Сува кожа пропратена со чувство на чешање
- Повторувачки инфекции
- Заматување на видот
- Бавно заздравуање на рани
- Проблеми со нервите
- Импотентност
- Зголемување на телесната тежина
Хипергликемијата може да биде предизвикана од најобични работи како прекумерено консумирање на газирани пијалоци, недостаток на физичка активност, прекумерено консумирање храна, стрес, заболување и сл.
Најдобриот начин да се утврди присуството на хипергликемија во организамот е да се измери нивото на шеќер во крвта.
Важно е да се знае дека високото ниво на шеќер во крвта е симптом на дијабетес, но не секогаш тоа значи дека личноста страда од оваа болест. Затоа, сепак потребна е лекарска консултација и следење на здравствената состојба.