Еве како да приготвите ѓумбирова паста којa ефикасно и брзо ги топи масните наслаги, а ги прави јадењата повкусни
На повеќето од нас, ѓумбирот како зачин ни е познат најчесто во формата на прав. Но, денес за љубителите на готвењето имаме еден навистина генијален деликатес, кој притоа помага за брзо слабеење.
Станува збор за вкусна паста од ѓумбир, која ќе го збогати вкусот и мирисот на вашите јадења, а благодарение на која ќе се збогувате со здодевните масни наслаги и вишок килограми за брзо време.
Ѓумбирова паста за вкусни јадења, со моќен ефект за слабеење
Изберете подебел корен од ѓумбир, добро измијте го и завиткајте го во фолија. Поставете го во претходно загреана рерна на 200°C, на 1-1,5 часа. Извадете го испечениот ѓумбир од фолијата, излупете го и користејќи вилушка, изгмечете го.
Добиената ѓумбирова паста преместете ја во чист сад и истиот складирајте го во ладилник. Таа во ладилникот може да се складира 2 недели.
Како да ја комбинирате во јадења
Салати
Измешајте 1 кафена лажица ѓумбирова паста со 1 кафена лажица сок од лимон, 1 супена лажица зејтин, половина кафена лажица сол и мелен црн пипер. Добиениот ароматичен сос ќе ја збогати и најобичната салата, правејќи ја највкусна.
Додаток кон крем супи
Додадете половина кафена лажица од ѓумбировата паста во последната фаза од готвењето на супата. Доволни ќе бидат 300 мл паста за пилешка супа.
Сендвич паста
Пастата од ѓумбир е совршен избор и алтернатива на сенфот, со која ќе го зачините вашиот вегетеријански сендвич. Пастата може да ја употребите и во било кои други јадења со зеленчук.
Основа за напитоци
Збогатете го вкусот на вашата лимонда и останатите освежувачки напитоци со додавање на мало количество од ѓумбировата паста во истите.