Еве како да се облечете за Нова година за да имате среќа и успеси во 2020-та
До крајот на оваа година има речиси уште 1 месец, но дамите добро знаат дека никогаш нема доволно време на овој свет кога станува збор за избор на фустан, во кој ќе блеснете во новогодишната ноќ.
Според астролозите, одамна се знае дека е неопходно внимателно да ја изберете бојата на облеката, со која ќе ја пречекаме новата година, за да во истата ве следи неизмерна среќа и успеси на секое поле.
Што не треба да носите?
За дочекот на 2020-та година, во ниту еден случај не треба да избирате облека со животински, односно леопардски и змиски шари.
Омилените дизајни од минатата година исто така не се добар избор, па така заборавете на фустаните во црвена и сина боја.
Што треба да носите?
Што се однесува до боите кои се совршен избор и кои треба да ги носите за новогодишната забава, астролозите ве советуваат да изберете светли нијанси со смирувачки ефект.
Доколку изберете бела боја, која се смета за водечка за 2020-та година, тогаш таков ќе биде и вашиот живот во новата година, полн со успеси и неверојатна среќа.
Нема да погрешите доколку изберете и облека во сива боја.
Совршен избор се и металните нијанси, како и моќната црна боја, па така веќе се зголемува вашиот избор на гламурозна облека која може да ја носите за пригодата.