Еве како денес изгледа бебето со бескрајно долгите трепки, поради кои стана неверојатно популарно
Кога мајката на ова девојче започна да објавува негови фотографии на социјалните мрежи, луѓето веднаш започнаа да се сомневаат дека можеби трепките воопшто не се вистински, туку додадени со компјутерска програма.
Покрај позитивните коментарии, фотографиите често беа опсипени и со критики дека нејзината мајка Стефани ги уредува фотографиите со Фотошоп, а ваквите обвинувања следуваа поради самиот факт дека малото девојче изгледаше како кукла.
Но, Стефани и понатаму продолжи да објавува фотографии од девојчето и како растеше, дури и оние кои најмногу се соменваа на почетокот, сега едноставно беа воодушевени откако сфатија дека малата Амаја навистина има бескрајно долги трепки.
Нејзината мајка Стефани потекнува од Латвија, а веќе повеќе од 10 години работи како фризерка во САД и е омажена за афроамериканец, со кој има 3 деца.
Во продолжение погледнете како денес, по 4 години, изгледа Амаја, која веќе има над 100.000 следбеници на социјалните мрежи: