Еве како денес изгледа девојчето кое уште на 2 години стана модел, одеше на солариум и носеше шминка
Дали се сеќавате на Ајра Браун? Ова девојче својата популарност ја стекна уште на 2-годишна возраст, откако нејзината мајка, забележувајќи ја уникатната убавина на својата ќерка, започна постојано да објавува фотографии.
Родителите на Ајра, особено нејзината мајка, со споделувањето на бројни фотографии од прекрасното девојче се надеваше дека ќе успее да заработи многу пари токму поради надворешниот изглед на нејзината ќерка.
Наскоро, нејзината мајка ја запиша Ајра во агенција за модели, што на девојчето за брзо време му донесе голем број на фанови, што со нејзината ангелска убавина, ова не беше никакво изненадување.
Но, никој воопшто не ни помислил дека девојчето всушност уште на 2-годишната возраст носеше шминка, одеше на солариум, а нејзините родители дури инсистирале и на осветлување на нејзината коса.
На 3-годишна возраст девојчето се претвори во модел од светски ранг и беше едно од најплатените деца од оваа професија.
Денес девојчето има 8 години и постојано е вклучена во различни модни проекти, при што важи за еден од најпопуларните детски модели во САД.