Еве како денес изгледа главната хероина од легендарниот филм „Флешденс“
Речиси и да не постои човек, особено од постарите генерации кој го нема гледано легендарниот американски филм „Флешденс“. Уште по самата негова премиера, филмот стана апсолутен хит во светот, а со текот на годините, веќе стана синоним за безвременска класика.
Покрај од самото сценарио, гледачите едноставно беа воодушевени и од главната хероина на филмот Алекс Овенс, чија улога ја толкуваше актерката Џенифер Бијалс. Актерката денес има 56 години, а фановите се согласуваат дека за таа возраст, Џенифер изгледа едноставно неверојатно.
Ѕвездата на филмот обожава да спортува и професионално сега се занимава со фотографирање, при што има организирано и неколку лични изложби.
Во продолжение погледнете како изгледа денес: