„Еве како го вратив беспрекорниот изглед на белите алишта и чорапи: Без избелувач и без многу труд“
Снежно белите чорапи се толку совршени и елегантни, што им одговараат на сите, од деца до возрасни. Но, тие имаат еден недостаток, многу брзо се валкаат, а често и по перењето нивниот потемнет и пожолтен изглед не исчезнува.
Еве како да ја избелите вашата бела облека и бели чорапи со 2 ефикасни и докажани методи:
1. Избелување со борна киселина
Борната киселина лесно се наоѓа во секоја аптека. Нејзиното употребување пир чистењето на белите чорапи, како и белата облека ќе ги отстрани дури и најстарите дамки на иститие.
Потребни состојки
- 20 гр борна киселина
- 10 л вода
Начин на подготовка
- Во 10 литири вода додадете 2 ќесички борна киселина (по 10 гр во секоја)
- Добро растворете ги состојките. Потопете го валканите чорапи или облека во добиениот раствор и оставете да отстојат 2 часа.
- По 2 часа, извадете ги алиштата од растворот и исперете ги.
2. Избелување со калиум перманганат
Потребни состојки
- 200 гр прашок за перење алишта
- 10 л вода
- Неколку кристали калиум пермангант
Начин на подготовка
- Додадете 200 гр прашок за алишта во сад со топла вода.
- Следно, растворете мало количество на калиум перманагант во чаша вода. Водата треба да се бојадиса во нежно розева нијанса.
- Мешајте сè додека кристалите не се растворат целосно. Не можете веднаш да додадете калиум перманганат во облеката, бидејќи доколку истиот е нерастворен, ќе ги бојадиса парчињата во розеви.
- Откако добро ќе се раствори елементот, тогаш додадете го во садот со топлата вода и прашокот за алишта.
- Во садот додадете ги веќе исперените бели алишта.
- Покријте го садот со фолија и почекајте додека водата целосно не се излади.
- На крај, извадете ги алиштата и исперете ги на вообичаениот начин.