Постои еден „тивок убиец“ кој е број 1 непријател на нашите животи. Станува збор за меланомот, односно најтешката форма на рак на кожа. Во последните денеции, за жал, бројот на пациенти со овој тип на рак се зголемува, што може да се објасни со зголемената УВ радијација.

Најважно е од сѐ е меланомот навреме да се забележи и да се третира, затоа што во овој случај можностите за да се излечи се најголеми. Еве неколку совети како најбрзо да се открие меланомот и кој е најдобриот начин за дијаногностика според Доц. д-р Анета Кокалеска Петрушевска од тимот на експерти во  ординацијата Др Анчевски.

Фактори за настанување на меланома

Покрај сончевата експозиција, генетските фактори во голем дел влијаат дали меланоцитите имаат потенцијал да се преобратат во малигни во ново створени или веќе постоечки бенки. Друг фактор се и честите трауми или отќинување на бенката.

Можни знаци и симптоми на меланом

Најважниот предупредувачки знак за меланом е нова бенка на кожата или место кое се менува во големина, форма или боја. Друг важен знак е бенка која изгледа различно од сите другина вашата кожа. Ако имате еден од овие предупредувачки знаци, проверете ја вашата кожа кај дерматолог.

Правилото ABCDE е уште еден водич за вообичаените знаци на меланом. Бидете внимателни и кажете му на вашиот лекар за бенки кои имаат некоја од следниве карактеристики:

  • А е за асиметрија (Asymmetry): Една половина од бенката не се совпаѓа со другата.
  • B е за граница (Border): рабовите се неправилни, парталави, засечени или заматени.
  • C за боја (Color): Бојата не е иста насекаде и може да вклучува различни нијанси на кафена или црна боја, или понекогаш со розови, црвени, бели или сини тонови.
  • D е за дијаметар (Diameter): Местото е поголемо од 6 милиметри во ширина (големината на гума за бришење на молив), иако меланомите понекогаш може да бидат помали од ова.
  • Е е за развој (Evolvin): Бенката се менува во големина, форма или боја.

Некои меланоми не ги исполнуваат овие правила. Важно е да му кажете на вашиот дерматолог за какви било промени или нови израстоци на кожата, или израстоци кои изгледаат поинаку од остатокот од вашите бенки.

Како изгледа меланома?

Најголемиот број меланоми се црни и кафеави. Но некои меланоми можат да бидат црвени, виолетови, сини или бели. Малигните тумори се одликуваат со брз раст на клетките кои се со изменета структура и функција. Меланомите често ја менуваат својата форма, се распаѓаат, крварат а може и да се воспалат. Во оваа форма тие веќе имаат околни лимфогени или далечни метастази.

Меланома малигнум

Нодуларен меланом

Кој е најдобриот начин за дијагностика на пигментни промени?

Дерматоскопот е специјален микроскоп кој се користи за испитување на пигментирани лезии на кожата, со цел да се разликуваат меланоцитните од немеланоцитните пигментни лезии и да се одлучи дали пигментните лезии се малигни. Дерматоскопскиот дигитален дијагнотички метод е неинванзивна техника за дијагноза на кожни лезии при која се врши длабинска процена на структури кои не се гледаат при преглед. Со помош на оваа техника може да се разграничат меланоцитните и немеланоцитните кожни лезии и да се потврди нивната бенигна или малигна природа.

Апаратот работи на принцип на светлосна поларизација, при што дерматоскопското снимање може да се изврши со директно доближување на камерата на кожата. После извршеното снимање, се врши анализа на снимената промена од страна на стручно лице следејќи светски прифатени класификации за анализа на истите.“, вели Доц. д-р Анета Кокалеска Петрушевска.

Што овозможува компјутеризираната дерматоскопија?

Компјутеризираната дерматоскопија овозможува да се одреди степенот на ризик кон малигнитет на кожните промени. Зависно од добиениот наод, се советува промената да се следи на одреден временски период. Во случај да постои било какво сомневање се предлага оперативно отстранување.

Во кој случај да посетите дерматолог?

Контрола на бенките може да се изврши во било која возраст, а особено препорачливо е контрола да се изврши во пубертетот. Откако ќе се снимаат и запамтат бенките секоја ново појавена или промена на старата лесно се забележува а понатаму и прати.

Секоја нова појава на бенка која е лесно издигната над кожата а особено со потемен пигмент е потребно компјутерски да се анализира и следи.

Ако постоечкиот невус во краток период ја смени бојата, се зголеми, асиметрично порасне, чеша, крвари или се повреди до откинување што побрзо да се посети дерматолог. Настанатата промена да се следи а потоа бенката да се сними и анализира.

Превенција

Откако лекарот дерматолог ги детектирал ризичните невуси најдобро е превентивно хируршки да се отстранат пред да се дозволи да се случи било каква промена кон малигнитет.

Доколку на телото постојат бројни помали или поголеми невуси најдобро е да не бидат изложени на директно УВ зрачење или барем во таков период да бидат заштитени со крем со висок заштитен фактор.

Затоа не го „одложувајте“ вашето здравје и закажете си преглед во ординацијата Др Анчевски доколку ги имате и најмалите сомнежи.