Еве како најлесно да ја одзатнете тоалетната школка за буквално 15 минути, без употреба на уреди и хемикалии
Доколку некогаш сте се соочиле со непријатноста, вашата тоалетна школка да се затне, тогаш најверојатно веќе знаете каква страшна може да биде глетката, но и самиот мирис.
Одзатнувањето на тоалетната школка не е толку едноставна работа, бидејќи понекогаш вакуум пумпата не функционира правилно, а разните хемиски средства имаат сомнително дејство.
Најсигурно е да повикате професионалец за оваа област, но пак, во ситуациите кога тоа на пример, се случило доцна во ноќта, работата останува вие самите да ја завршите.
Токму за такви ситуации, денес ќе ви откриеме како сами да ја одзатнете вашата тоалетна школка, буквално за 15 минути, без уреди и без хемиски средства, а еве и како.
Целата тајна се состои во тоа да се искористи сопствениот механизам на тоалетната школка, за да се справиме со проблемот.
За овој чудесен трик ќе ви биде потребна проѕирна фолија, каква што вообичаено употребувате во вашата кујна.
Добро завиткајте го отворот на тоалетната даска со фолијата, а потоа цврсто залепете ја истата на тоалетната школка.
Сега пуштете вода и набљудувајте како фолијата лесно ќе се издува. Потоа остро пристснете ја фолијата во делот каде што истата е подуена- вишокот воздух, кој ја кренал фолијата, ќе ја одзатне тоалетната школка на најлесниот можен начин.
Доколку трикот не го даде потребниот ефект првиот пат, повторете по 15 минути. Резултатот е подобар од користењето на вакуум пумпа или било какви хемиски средства.