Еве како најлесно да ја отстраните непријатната миризба по готвењето
Миризбата во домот по готвењето, особено доколку сте готвеле кромид, знае да се задржи многу долго во воздухот. Дури и да имате вентилација или аспиратор во вашата кујна, мирисот на кромид се впива во завесите, покривките, насекаде.
За да го избегнете овој проблем, едноставно веднаш по готвењето на оган поставете да се вари смеса од 200 мл вода со 50 мл оцет. Откако течност ќе зоврие, намалете ја температурат и оставете ја целата течност да испари од садот.
Пареата од течноста ефикасно и брзо ќе ја елиминира миризбата од готвењето.