Ефектот на „зачадени очи“ е една од најпопуларните и најомилените техники на шминкање меѓу дамите. Честопати за нејзино реализирање, жените посетуваат професионални шминкери, но денес ви откриваме 5-минутен трик како да го постигнете гламурозниот ефект во домашни услови.

Едноставно следете ги чекорите на шминкерката Смита Дипак, која ќе ви покаже како на најлесен можен начин да добиете „зачадени очи“.

Најпрво нанесете пудра со покривна функција, а потоа нанесете туш за очи, на начинот како што таа го прави, обележувајќи ја и горната и долна линија на очите.

Потоа, употребувајќи соодветна четка, нанесете црна сенка за очи врз тушот на горниот очен капак, соединувајќи ги линиите, а потоа распространувајќи ја сенката и на целиот горен дел. Останатите неверојатно лесни чекори погледнете ги во продолжение: