Еве како правилно да го исчистите вашиот телефон за да се заштитите себеси
Чистиот паметен телефон е умен начин да ги заштитите вашите прсти и раце од микроби, што е од голема важност особено сега во периодот кога се соочуваме со борбата против коронавирусот.
Бидејќи паметниот телефон, според Центрите за контрола и превенција од заболувања во САД, се смета за високо ризичен предмет преку кој вирусот може да се пренесе, во продолжение ви откриваме како правилно да го исчистите вашиот телефон и да се заштитите себеси.
Неколку совети за правилно чистење на паметниот телефон
Што не треба да правите?
Секаков вид на влага може да го отежни функционирањето на вашиот телефон. Компанијата Apple им препорачува на луѓето да го избегнуваат користењето на спрејови за чистење или други тешки производи.
Без белило и без аеросоли. Исто така, не го потопувајте телефонот во било каква течност.
Што треба да направите?
На вашиот телефон му е потребно нежно чистење со производ кој содржи 70% изопропил алкохол. При чистењето, носете ракавици за еднократна употреба, а откако ќе завршите, добро измијте ги вашите раце.
Добро погрижете се за вашиот телефон. Темелно избришете го од сите страни, а потоа оставете го да се исушите, пред повторно да го составите.
Не користете ракавици за повеќекратна употреба, бидејќи тие може да содржат честички од вируси, што ги прави некорисни.
Воедно, може да ги промените и вашите навики при употребата на телефонот. Експертите советуваат да користиме слушалки за време на разговори, со цел да го држиме телефонот подалеку од нашето лице.