Еве како вашето тело се опоравува откако ќе ја испушите вашата последна цигара
Вашето тело започнува да се менува само неколку минути откако ќе ја испушите вашата последна цигара. Ова се физиолошките промени кои ги доживувате кога засекогаш ќе ги оставите цигарите.
20 минути подоцна – се подобрува крвотокот
Само дваесет минути откако ќе ја испушите вашата последна цигара ќе почне да ви се подобрува крвотокот и подобро ќе ги чувствувате вашите прсти на нозете и рацете.
Осум часа подоцна – јаглерод моноксидот си заминува
По осум часа, јаглерод моноксидот во вашиот крвоток се редуцира. Тоа значи дека нивото на кислород во крвта ви се враќа во нормала.
2 дена подоцна – никотинот оди во WC шолјата
По два дни, никотинот целосно се отстранува од вашето тело. Им велите збогум на малите кристали кои ве тераат да пушите. За жал, кога никотинот целосно ќе исчезне, копнежот по цигари станува најголем.
Два дена подоцна – се враќа сетилото за вкус
По два дена, папилите за вкус на вашиот јазик (прикажани на сликата во зголемен размер) се враќаат во нормална состојба. Не само што ви се враќа способноста за чувствување на пофините вкусови, туку и веќе нема да мора да ја зачинувате храната толку многу. Намалувањето со солта може да ви го подобри здравјето во друг поглед.
2 дена подоцна – се враќа сетилото за мирис
По два дена ви се враќа и чувството за мирис. Сега повеќе ќе уживате во мирисот на розите.
3 дена подоцна – се подобрува дишењето
До третиот ден белодробните ресички се поправуваат себеси. Овие микроскопски влакненца ги прочистуваат дишните патишта. Пушењето ги оштетува, но тие можат да заздрават.
1 недела подоцна – се намалува крвниот притисок
По една недела откако ќе го оставите пушењето ќе почне да ви се нормализира крвниот притисок. Ова ќе го намали ризикот од срцеви заболувања, откажување на работата на срцето, удар и откажување на бубрезите.
2 недели подоцна – се намалува кашлањето
По две недели пушачкото кашлање го снемува. Не запира веднаш по престанувањето со пушење бидејќи на вашите бели дробови им треба време да го исфрлат сето ѓубре кое се насобрало во нив. Но, штом ќе престанете да пушите, вашето дело конечно ќе има можност да се прочисти и да заздрави.
2 недели подоцна – се подобрува крвотокот и сексот е подобар
По две недели без пушење, циркулацијата на крвта е уште подобра и подобро ги чувствувате екстремитетите. За мажите ова значи посилни и подолги ерекции.
3 месеци подоцна – кожата е позатегната
До три месеци, изгледот на вашата кожа ќе се подобри. Никотинот го ограничува дотокот на крв до понискиот слој на кожата, правејќи ја бледа, сува и ронлива. Пушењето исто така го спречува и производството на колаген, што предизвикува појава на брчки.
1 година подоцна – забите пак стануваат бели
По една година откако нема да испушите ни една цигара, повеќето знаци дека сте пушач веќе ги нема. Прстите нема да ви бидат пожолтени од тутун, а ќе почнат да ви се избелуваат и забите. Забите исполирани на забар си остануваат бели. Циркулацијата на крв во вашите непца се враќа во нормала.
15 години подоцна – ризикот од канцерогени заболувања се враќа во нормала
Како што минуваат годините без цигари, ризиците по здравјето се намалуваат. По пет години без пушење се намалува ризикот од удар. По петнаесет години ќе го имате истиот ризик за канцерогени заболувања како и секој друг непушач.