Еве кои славни личности се заразија, но и успешно го победија коронавирусот
Коронавирусот е најзначајното случување кое моментално го има зафатено целиот свет и без разлика колку и да не сакаме, пандемијата се распространи до тој степен што не постои незаразен дел од планетата.
И доказ дека вирусот не ги бира неговите жртви и никој не може да се сокрие од него, без разлика на богатството кое го поседува, се токму следните славни личности.
Истите се заразија, но и успешно го победија коронавирусот, при што на светот му даваат надеж да поубаво утро.
1. Том Хенкс
Меѓу првите засегнати славни личности од коронавирусот беше актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон, кои веста лично ја објавија на Твитер. За среќа, тие веќе заздравуваат и се чувствуваат многу подобро.
2. Принцот Чарлс
Во текот на Март, кралските претставници објавија дека синот на кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс е заразен со коронавирус. Но, истиот вирусот го победи по само 1 недела и веќе не се наоѓа во карантин.
3. Пинк
На музичката сцена, Пинк е првата пејачка која изјави дека го пребродила коронавирусот, заедно со нејзиниот мал син Џејмисон.
4. Џоен Ролинг
Писателката на „Хари Потер“ откри дека ги имала сите симптоми на COVID-19, а на почетокот на Април, на својот Твитер профил ги смири нејзините фанови со веста дека целосно го победила вирусот.
5. Пласидо Доминго
На 22-ри март во светот на операта одекна веста дека Пласидо Доминго е позитивен на коронавирус, по што истиот беше примен во болница. Една недела подоцна тој на неговата Фејсбук страница напиша дека се вратил во неговиот дом во Акапулко и се чувствува благословен што го победил вирусот.
6. Борис Џонсон
Британскиот премиер Борис Џонсон исто така не остана имун на коронавирусот, иако продолжи да работи и откако му се појавиле првите симптоми. Подоцна, неговата состојба се влоши, по што беше примен во болница, но веќе неколку дена, премиерот се чувствува одлично и полека заздравува.