Еве која е идеалната возрасна разлика меѓу мажот и жената, за да имаат среќна врска и брак
Често пати луѓето со доза на љубопитство реагираат на паровите, при кои мажот е значително постар од жената или обратно. Иако годините не се мерило и гаранција за среќа, сепак истите се често предмет на дискусија.
Како ќе се развијат односите во една врска или брак, во зависност старосната разлика меѓу вас и вашиот партнер. Во продолжение одговараме токму на ова прашање и воедно ви откриваме која е идеалната разлика во возраста меѓу мажот и жената, според експертите.
Хармонијата во една врска, се подразбира, зависи од емоционаланта зрелост на партнерите и нивната способност за правење компромис.
Одредени статистички податоци откриваат неколку работи.
Идеалната разлика во возраста меѓу маж и жена
Се смета дека најголемите брачни сојузи се создаваат, доколку сопругот е од 2 до 5 години постар од неговата сопруга. Во тој случај, умствениот развој на партнерите е речиси на приближно исто ниво и мажот е способен да застане на чело на семејството, воедно ќе биде способен да ја заштити неговата поубава половина.
Доколку и двајцата партнери се возрасни и веќе ја надминале 30-годишната возраст, според експертите, подеднакво силен е и брачниот сојуз во таков случај, во кој партнерите се на иста возраст.
Паровите може да бидат исклучително среќни и доколку жената е малку повозрасна од нејзиниот сопруг, бидејќи помладите мажи, дамите ги сметаат за поинтересни и поатрактивни, а од друга страна мажите ги сакаат независните жени.
Доколку возрасната разлика меѓу партнерите е повеќе од 5 години
Постојат сè повеќе бракови, при кои сопругот е многу постар од својата избраничка, односно самото општество веќе полека ги прифаќа и овој вид на парови. Според експертите, докажано е дека дамите стапуваат во брак со многу постар партнер, бидејќи првично се привлечени од неговата зрелост и умешност за решавање на проблемите и на овој начин се чувствуваат многу позаштитени.
Според експертите, недостатокот во овој вид на односи е тоа што помладите партнерки секогаш тежнеат уште да се забавуваат, што не им одговара на нивните постари партнери.