Еве што ќе се случи ако секој ден јадете по една лажица мед со цимет
Го спречува стареењето
Слободните радикали (оксиданти) агресивно оксидираат и ги уништуваат ткивните клетки на организмот. Тоа доведува до предвремено стареење и болести. Антиоксидансите ги неутрализираат слободните радикали и ги забавуваат овие процеси.
Медот содржи феноли, флавоноиди и органски киселини. Сите тие се моќни антиоксиданси.
Полифенолите во циметот, исто така се моќни антиоксиданси.
Ја подобрува срцевата функција
Медот и циметот, доаѓаат на помош за превенција на кардиоваскуларни заболувања – најчеста причина за смрт во светот.
Медот го зголемува протокот на крв во срцето, што е и причината за проширување на артериите. Антиоксидансите содржани во него, помагаат за спречување на формирање на крвни згрутчувања – тромби кои често водат до инфаркти и мозочни удари.
Циметот го намалува “лошиот холестерол”, а “добриот” холестерол се зголемува.
Додадете неколку лажици цимет во прав во тегла со мед, измешајте и јадете секое утро со парче леб или бисквити.
Борба против бактериските инфекции
И медот и циметот имаат антибактериски ефект, поради оваа причина смесата може да се користи не само за настинки, но и за други заразни болести, како бубрежни инфекции и за мочниот меур.
Помага за слабеење
Не можеме да тврдиме дека само со мед и цимет ќе стекнете фигура како на модел, но ако сте си поставиле цел и ја комбинирате смесата со вежбање и правилна исхрана, ќе ослабете многу побрзо.
Заменете го шеќерот со мед. Умерената консумација на мед ќе го намали бројот на калориите. Медот бавно се апсорбира во крвотокот.
Циметот го намалува нивото на шеќерот во крвта и ја зголемува чувствителноста на инсулин, кој е одговорен за метаболизмот. На овој начин тоа придонесува за забрзување на метаболизмот и глукозата се претвора во енергија, а не во масти.
Испијте една чаша вода со додадени во неа 1 лажичка мед и половина лажичка цимет, 30 минути пред појадок и половина час пред спиење.
Го намалува шеќерот во крвта
Високите нивоа на шеќер во крвта може да доведе до разни болести, вклучувајќи и дијабетес.
Докажано е дека медот може да го намали нивото на гликоза. Само 17% од медот е вода. Сè друго е шеќер, вклучувајќи гликоза и фруктоза. Тие се апсорбираат полесно од организмот, без да предизвика нагло зголемување на шеќерот во крвта, па дијабетичарите можат да јадат мед.
Циметот исто така го намалува нивото на шеќерот во крвта. Тоа е докажано преку студии спроведени кај здрави доброволци, како и луѓе со дијабетес. Се разбира, циметот не е лек, но е корисен додаток во исхраната.