Еве што ќе се случи со нашето тело доколку консумираме 3 урми секој ден, една недела
Иако урмите не се сметаат за супер храна, сепак близу до неа се. Тие нудат бројни лековити својства, при што нивното консумирање е клучно. А нивниот сладок вкус, е уште еден голем плус! А еве како влијаат врз организамот.
Еве што ќе се случи со нашето телото доколку консумираме 3 урми секојдневно, во текот на 1 недела.
1. Нашите коски ќе се зајакнат
Според Џули Гарден-Робинсон, професорка од Научниот центар при Државниот универзитет во Сверна Дакота, урмите содржат бор- минерал кој ги зајакнува коските. Друго пак, истражување, покажало дека минералите како фосфор, калиум, калциум и магнезиум, кои влегуваат во составот на урмите, покрај тоа што ги зајакнуваат нашите коски, тие успешно се борат против болестите како остеопорозата.
2. Значително ќе се подобри дигестивниот систем
Урмите се богати со хранливи влакна, кои на нашиот дигестивен систем му се потребни, за да функционира како што треба. Внесот на влакна ја спречува констипацијата и ги подобрува движењата на цревата.
Истражување, објавено во британско списание за здрава исхрана, покажало дека луѓето кои редовно консумираат урми имаат подобар функционален дигестивен систем, отколку оние кои не јадат урми.
3. Урмите ќе ви помогнат да се справите со стресот и депресијата
Урмите содржат витамин Б6, кој се докажало дека му помага на телото да произведува серотонин и норадреналин, кои го подобруваат менталното здравје. Серотонинот ги контролира расположенијата, додека пак, норадреналиност се бори против депресијата.
Затоа колку повеќе внесуваме витамин Б6, односно консумираме урми, толку подобро ќе се чувствуваме.
4. Ќе се зголеми вашата енергија
Заедно со нивниот богат состав од витамини, минерали и антиоксиданти, урмите се одлична ужина која значително ќе ја подобри и зголеми вашата енергија. А истата ќе биде со долготраен ефек, благодарение на шеќерите како фруктозата и глукозата, што ги содржи урмата.
5. Можат да спречат срцеви заболувања
Едно истражување покажало дека урмите можат да го намалат нивото на триглицериди и нивото на оксидативниот стрес, кои и двата се сметаат за фактори на ризик за појавување на срцеви болести.
Урмите се богати со калиум, кој според истражувањата, го намалува крвниот притисок, а со тоа и шансите за појава на срцев удар.
6. Го намалуваат ризикот за појава на рак на дебелото црево
Урмите го штитат нашиот дигестивен ситем и желудник од опасни бактерии, а со тоа го намалуваат и ризикот од појава на рак на дебелото црево.
Според истражувањето, спроведено од Центарот за нутриционистичка наука, докажало дека луѓето кои редовно консумираат урми го зголемуваат нивото на добрите бактерии во организмот кои истиот го штитат од развивање на канцерогени клетки.
7. Ги ублажуваат симптомите на сезонските алергии
Урмите имаат позитивни влијание врз сезонскиот алергиски ринхитис, од кој страдаат 30 милиони луѓе само во САД, а уште повеќе ширум светот. Истражувањата покажале дека урмите ги смируваат и намалуваат антивоспалителните процеси кај пациентите со сезонски алергии.
8. Помагаат при губењето на вишокот килограми
Урмите исто така можат да помогнат во губењето на несаканите килограми. Да, тие содржат хранливи влакна, но истите тие го држат нашиот организам сит подолго време, при што на овој начин нè спречуваат да консумираме повеќе храна.
Додека пак, антиоксидантите што ги содркжат урмите, му помагаат на организамот да се ослободи од токсините т.е штетните материи и на овој начин, ја подобруваат дигестијата и метаболизамот.