Потребни ви е само 5 минути секојдневно, за да го трансформирате вашето тело. Постои еден многу лесен метод кој влије врз вашите стомачни мускули, ги зацврстува длабоко, а воедно, ги масира и внатрешните органи.

Вежбата е создадена од индиските професионалци за јога, во соработка со современите бодибилдери.

Оние кои практикуваат јога, ја нарекуваат „Удијана Бандаха“, додека пак, меѓу фитнес тренерите е позната како „Стомачниот вакуум“.

Правењето на вежбата на дневна база:

  • Помага да се обликуваат мускулите и ја прави половината потенка
  • Ја подобрува дигестијата
  • Придонесува за подобро држење на телото
  • Ја ублажува болката во грбот
  • Ги решава проблемите предизвикани од нередовната столица

Подобро е вежбата да се избегнува, во случај на:

  • Бременост
  • Менструација
  • Гастроинтестинални болести
  • Прекумерена тежина
  • Состојба по породување или по операција

Како функционира вежбата?

Класичните стомачни вежби придонесуваат за формирање на познатите мускулни плочки. Вакуум вежбата е една од ретките која влијае многу подлабоко на мускулите. Ги лоцира мускулите под стомачната површина, кои се одговорни за задржувањето на стомакот.

Како да ја направите Вакуум вежбата?

За изведување на оваа вежба, не ви се потребни никакви посебни тренинзи, ниту опрема. Сè што ви е потребно е доволно енергија и празен стомак. Најдобро е оваа вежба да ја направите, не порано од 2-3 часа пред вашиот прв оброк во денот.

Подобро е да започнете со задржување на здивот околу 15 секунди и постепено тоа време да го зголемите на 60 секунди. Вкупно, ќе имате 3-5 повторувања.

Важно е да обратите внимание на вашата состојба: Не го правете вакуумот, доколку не сакате, се почувствувате лошо или пак, искусите стомачни болки.

Чекор 1:

Почетната положба: Застанете исправено, со стапалата оддалечени на растојание како рамената. Рацете потпрете ги на бутовите и опуштете го стомакот.

Чекор 2:

Земете неколку длабоки здивови, дишете преку носот, издишете преку устата. Потоа повторете го овој начин на вдишување и издишување.

Чекор 3:

Наведнете ја главата, а со тоа и самата брада, кон градниот кош. Соберете го стомакот, како да сакате да го сокриете позади вашите ребра.

Чекор 4:

Задржете го здивот 15-60 секунди, собирајќи го стомакот најмногу што можете.

Чекор 5:

Издишете, опуштете ги стомачните и кренете ја брадата. Направете го тоа полека, без нагли движења, за да спречите појава на вртоглавици.

Чекор 6:

Повторно земете длабок здив и повторете ја вежбата.

За оние кои сакаат да отидат чекор подалеку

  • Вакуум вежбата исто така може да се изведе и во лежечка положба, седејќи или пак, можете да се потрпете и само на вашите колена.
  • Откако сте ги научиле основите на вежбата, можете да започнете со изведување и на некои посложени чекори. Кога го задржувате здивот, обидете се вашите стомачни да ги движите во вид на брановидни движења. Потоа, обидете се стомачните мускули да ги истакнете напред, задржете така неколку секунди, а потоа опуштете ги и вратете се во првобитната положба.

https://www.instagram.com/p/Bv3HkXsojrp/?utm_source=ig_embed

Веќе летото е на самиот праг, па вежбата може да ја направите уште денес. Не заборавајте дека клучот до успехот е нејзиното повторување секој ден.