Денес ви откриваме што означуваат различно обоените влакна на четките за заби. Иако повеќето мислат дека боите го означуваат степенот на тврдост на четката, всушност тоа нема никаква поврзаност.

Постојат 2 вистински значења зошто може да сретнеме четки со различни бои на влакната. Првото и основно значење на шарените четки е да се истакне површината каде точно треба да се нанесе пастата за заби. Не е неопходно да нанесуваме паста врз целата четка, туку само врз горниот среден дел, а доволно е да се нанесе во количество колку 1 зрно грашок.

Самиот избор на бои не е поврзан со ништо друго, освен оваа цел, а шареноликоста е дел од маркетингот, да го привлече купувачот.

На овој начин, значително ќе заштедите паста, а ефектот ќе биде многу помоќен, бидејќи забите не само што ќе бидат совршено измиени, туку и на овој начин ќе го спречите нивното оштетување, бидејќи кога нанесуваме премногу паста, се создава пена, која го спречува правилното чистење на забниот камен.

Второто значење на боите на четката се исто така од голема помош, а тоа е што боите служат како индикатор да знаеме кога четката е неопходно да ја замениме за нова, што исто така е од клучна важност за одржувањето на оралната хигиена и здравјето на забите.