Еве што потајно мислат мажите кога ќе видат жена со впечатлив црвен кармин
Прекрасна дама со бела кожа и впечатлив црвен кармин отсекогаш се сметало за класика во било кој жанр, претставен преку кинематографијата, книгите, списанијата и медиумите.
Што мислат мажите кога ќе видат жена со црвени кармин?
Голем дел од припадниците на посилниот пол сметаат дека жените кои употребуваат повпечатлива шминка, го прават тоа да привлечат внимание кон себе. Воедно, сметаат дека црвениот кармин не е најсоодветниот избор за секојдневието и дека треба да се нанесува само за специјални пригоди и настани.
Дел од мажите откриваат дека штом ќе здогледаат жена со впечатлив црвен кармин тоа го сфаќаат како таа да е расположена за флерт и да добива машко внимание, додека пак друг дел сметаат дека бојата на карминот воопшто не е значајна, туку дека важно е жената да изгледа хармонично и елегантно.
Најголемиот дел од припадниците на машкиот пол црвениот кармин го поврзуваат со самодовербата, односно според нив, жената која носи црвен кармин има високо ниво на самодоверба и важи за силна и моќна личност.
Но, исто така се согласуваат дека доколку нијансата на црвен кармин не одговара на жената која го носи, тогаш едноставно помислуваат дека таа воопшто нема вкус.