Еве што се случува со телото, доколку не ја менуваме долната облека секој ден
Уште од најрана возраст учиме од колку голема важност е основната хигиена за нашето општо здравје. Сепак и покрај тоа, одредени луѓе со текот на годините ги занемаруваат основните хигиенски навики.
Според истражувањата, изненадувачки голем број на луѓе не ја менуваат долната облека секој ден. До што доведува тоа?
Според различни истражувања, околу 30% од мажите носат една иста долна облека неколку дена по ред. Ваквата нехигиенска навика создава идеални услови за размножување на бактериите, кои можат да предизвикаат инфекции на половите органи и мочните патишта, како и појава на дерматит.
Покрај тоа, не заборавајте дека кожата е место за размножување на многу микроорганизми, вклучително и габички, а понекогаш и крлежи.
Сите овие фактори може да предизвикаат појава на воспаление, особено доколку станува збор за личност со намален имунитет.