Еве што треба да направиме за да го заштитиме нашето здравје, при примањето на доставена храна и пратка
И иако засега лекарите не се едногласни дали коронавирусот преживува на површини, според Американските центри за контрола и превенција на заболувања се истакнува дека вирусот не може да биде пренесен на овој начин.
Но, пак во британското научно списание New England Journal of Medicine, се објавени докази дека вирусот може да преживее 24 часа на картонски површини.
Во секој случај, во период на пандемија, неопходно е секој од нас да биде совесен и одговорен и да ги презема сите соодветни мерки да го зашити своето и колективното здравје.
Ова се однесува и на фактот дека треба да бидеме посебно внимателни при преземањето на доставена храна и пратки. Во продолжение прочитајте ги советите на вицепремиерот на Амазон, Џеј Карни, чија компанија редовно се консултира со лекари и кој открива како се постапува со картонските пакувања и чанти, при што сега им дава совети и на неговите клиенти.
Еве кои се 2-та засега познати начини на кои можеме да се заштитиме:
1. Дезинфекција
Експертите советуваат да ги избришате сите пакети кои ги примате со средство за дезинфекција, како течни гелови и други течности кои содржат алкохол. Избришете го пакетот и потоа исфрлете ја кутијата, во која бил доставен. Се препорачува кутијата да ја оставите надвор, вон домот.
Откако ќе завршите со сите овие процедури, не заборавајте темелно да ги измиете вашите раце со сапун.
2. Изолација
Доколку сте премногу загрижени и се плашите да не се заразите, тогаш може пакетот да го оставите на некое изолирано место, одреден период, како што е на пример, гаражата.
Експертите тврдат дека држењето на пакетот во изолација неколку часа (максимум 24 часа) е сосема доволно за да истиот стане безопасен за користење.