Еве што треба да појадувате секое утро за да ослабнете: Најевтиниот појадок кој брзо ги топи сите вишок килограми
Нема човек кој не знае дека појадокот е најважниот оброк во денот. Но, многумина луѓе не знаат што точно би требале да појадуваат, при што многу брзо гладот се враќа и посегнуваат кон нездрави ужини.
Како што многу нутриционисти ќе се согласат, не е сеедно да се појадува било што, а доколку сакате успешно, брзо и ефикасно да ослабнете, пред почетокот на летото, тогаш ви го препорачуваме следниот чудесен рецепт за појадок.
Златен појадок: Овесна каша за брзо слабеење
Потребни состојки
- 50 гр овесни снегулки
- 150 мл вода
- 150 мл млеко
- Овошје по желба (1 банана, 1 јаболка, шолја шумско овошје)
- Мед и цимет
Начин на подготовка
Поставете ги млекото, водата и овесните снегулки да се варат на средна температура. Кога смесата ќе стане густа, додадете го овошјето, претходно исечено на коцки.
Почекајте да зоврие, добро измешајте ги сите состојки заедно и исипете ја смесата во чинија. На крајот додадете го медот и циметот.
Зошто овој појадок е ефикасен?
- Долго време по неговото консумирање ќе бидете заситени.
- Го намалува холестеролот.
- Го намалува крвниот притисок
- Го намалува ризикот од рак