Еве што значи доколку некој ве сонува, според тврдењата на психолозите
Интерпретацијата на соништата е тема која често ги фасцинира луѓето, но само кога станува збор за нивните лични соништа. Признајте, колку и да ви изгледаат интересни вашите соништа, воопшто не ве интересира какви авантури сонувал вашиот познаник минатата ноќ.
Единствениот начин на кој можеби ќе ве интересираат туѓите соништа е доколку таа личност ви каже дека и вие сте се појавиле во тој сон. Што всушност значи кога некој друг сонува за нас? Дали сме некоја посебна личност во неговиот живот, а не ни знаеме, или сме само додаток во филмот за неговата потсвест?
Најверојатно барем еднаш, некој ваш колега или пријател ви има кажано дека ве сонувал. Можеби се чувствувавте посебни во момент или започнавте да ја прашувате таа личност што точно правите во сонот. Подоцна, веројатно се прашувавте каква улога имате во животот на таа личност и зошто таа сонуваше за вас.
Важно е да се напомене дека всушност најважното од соништата е нивниот контекст. Многу психолози, но и духовници веруваат дека соништата имаат посебно значење. Нашата потсвест создава сон и таа го познава нашиот ум подобро и од самите нас.
„Соништата се симболични, при што луѓето што се појавува во истите не се вистинските тие“- вели американскиот психолог д-р Воката Џорџ.
Таа верува дека ако сакате да декодирате одреден сон, треба да се запрашате каква емоција, мисла или чувство имате во однос на личноста која сте ја виделе во сонот. Обично личноста кое се појавува во сон е споредна како карактер и е важно што во реалноста таа претставува за вас.
Ако некој ви каже дека сонувал за вас, всушостн вие како личност немате многу врска со тоа. Речиси е невозможно да откриете што потсвесно симболизирате на таа личност и нема потреба да размислувате премногу за тоа. Значи, ако некој ви каже дека сонувал за вас, не го сфаќајте премногу сериозно. Не станува збор за вас, туку за нив.